Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска беше отворена сезоната на натпреварувања на атлетската патека во техничкото училиште „Наце Буѓони„.Ученици од основните и средни училишта во градот и атлетскиот клуб Скок се натпреваруваа во повеќе атлетски дисциплини, беше промовирана и новата опрема за одредени спортови.
Отварањето на овој современ објект е нешто најдобро што можеше да му се случи на еден атлетски клуб и на граѓаните на Куманово. Нашите членови овде ќе ги започнуваат, реализираат и крунисуваат нашите резултати и успеси. На овој стадион се создадени услови да тренираме на најсовреме терен и да поостигнеме уште подобри резултати, не само во држават, туку и пошироко-вели претседателот на атлетскиот клуб „Скок„ Ивица Јовановски.
На најдобрите поединци на натпреварувањето беа доделени награди и признанија.