Баерн - Барселона, Реал - Дортмунд е епилогот од ждребката во Нион
12.04.2013 10:52
| KumanovoNews
Најдобриот тим против најдобрите индивидуалци. Обсесија против амбиција е веројатно најдобриот опис на екипите кои ќе се сретнат за две недели.

Германско - шпанска пресметка не очекува во полуфиналните дуели од Лигата на шампионите.
Во првото полуфинале кое ќе се игра на 23.април силите ќе ги одмерат екипите на Баерн Минхен и Барселона. Ден подоцна Борусија Дортмунд по втор пат оваа сезона ќе има двомеч со Реал Мадрид.
Реванш-натпреварите ќе се играат на 30.април односно на 1.мај.