Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на Академијата „Бал Фор Лаиф“ заедно со играчи од КК Милановски изминатиот викенд се вратија од кошаркарскиот камп „Кросовер“.
Нашата цел пред се беше да го посетиме овој камп, каде што се запознавме со некои нови принципи и начини на тренирање. Пред се ние тренерите имавме можност десет дена да соработуваме со Ненад Труниќ. Се надеваме дека и наредната година ќе го посетиме овој камп кој кај сите нас изгради некои нови искуства кои што ќе имаме можност да ги пренесеме на останатите членови од нашата академија. - изјави Никола Јовановски, тренер во „Бал Фор Лаиф“.
Кампот е во организација на познатиот стратег Бане Зечевиќ, а во координација со Ненад Труниќ кој е ФИБА инструктор и НБА скаут на Сакраменто Кингс. Учесниците на кампот можеа да се дружат и напредуваат со своите врсници од Србија, Црна Гора, Словенија и Турција. Потврда дека нашите клубови поседуваат квалитет, е и освоеното второ место на Заевски и Стефановски во играта „два на два“, на еден од турнирите кои се организираат во рамките на кампот.
Нашата цел беше остварена, имавме успешна посета на кампот каде стекнавме нови искуства. Ова е огромно искуство за нашите кошаркари и одличен правец за развој во нивните кариери. - изјави Даниел Милановски, тренер во КК Милановски.
Членвите на тимот освен развој на кошаркарските вештини, своето време го искористија за посета на знаменитостите на Крагујевац, и посета на најголемиот Аква Парк во Србија.