Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Бал фор Лајф утре ги пречкува екипите на МЗТ Скопје и Овче Поле.
Утре се игра натпреварот од второто коло во Третата кошаркарска лига каде што Бал фор Лајф игра против Овче Поле од Свети Николе. Овие два клуба играа меѓусебно во подготвителниот период, па сигурно дека „третиот“ натпревар ќе биде доста интересен имајки во предвид дека екипите доволно се познаваат. Натпреварот започнува во 14 часот.
Увертира на тој натпревар ќе биде дуелот момеѓу пионерските екипи на Бал фор Лајф и МЗТ Скопје Аеродром. За овие два тима утре започнува кошаркарската сезона, а кумановскиот состав во натамошниот дел од првенството го очекуваат дуели со подобрите кошаркарски школи во Македонија како што се Вардар, Феникс и Водно Санс. Младинскиот натпревар започнува во 11 часот.
Натпреварите ќе се играат во салата Панко Брашнаров.