Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одкако си ја запали куќата пред градското дерби, Марио Балотели реши да се приклучи во кампањата за безбедна употреба на пиротехничките средства.
Ноќта пред да ја започне „масакрот“ над Јунајтед, Балотели преспа во хотел, бидејки пожарникарите ја гасеа неговата куќа. Според најновата верзија, некој од неговите пријатели во бањата пробал да запали огномет додека Супер Марио не знаел што се случувало додека не чул бука.
Медиумите пренесоа дека сум предизвикал пожар. Тоа го направи мојот пријател, а јас не знаев што се случува се додека не чув бука во бањата. Пријателот ми се извини за направената штета. Тоа беше една голема глупост - изјави Балотели.
Важно е децата да не се играат со огномет. Тој може да бидне многу опасен ако не се користи на вистински начин. - додаде Балотели.