Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Барселона поведоа со 1:0 во победи во четвртфиналната пресметка од Евролигата против грчкиот претставник Панатинаикос.
Конечните 72:70 на синоќешниот дуел во „Блауграна“ беа поставени по дополнителни пет минути, откако во основните 40 резултатот беше 64:64. По четвртини: 11:21; 23:11; 11:19 и 19:13.
Хуан Карлос Наваро со 14 поени беше најефикасен во домашниот тим, а по 13 поени постигнаа Анте Томиќ и Виктор Сада.
Кај Панатинаикос најефикасни кошаркари беа Стефан Лазме и Џејмс Гист со по 14 реализации.
Утре се игра натпреварот број 2, повторно во Барселона, а за пласман на „Фајнл фор“ се потребни три победи.
Вечерва се првите средби од другите три четвртфиналиња. Двојките се: ЦСКА Москва – Каха Лаборал, Олимпијакос – Анадолу Ефес и Реал Мадрид – Макаби.