Башкими организира турнир во мал фудбал
17.12.2013 12:39
| KumanovoNews
Фудбалскиот клуб на Башкими, Куманово организира традиционален новогодишен турнир во мал фудбал.

Турнирот започнува на 22.декември и ќе се игра во Спортската сала во Куманово. По тој повод, се повикуваат сите екипи во градот кои сакаат да учествуваат, да се пријават на телефонскот број 070/748-956.
Учеството на турнирот е 6000 денари, а наградниот фонд е 3000 евра.