Бест декласиран во Куманово
20.03.2016 18:10
| KumanovoNews
Екипата на Бест загуби на гостувањето во Куманово со резултат 115-73.

Кумановчани не дозволија никакво изненадување и го декласираа противникот со 42 поени разлика. Натпреварот беше решен уште во првата четвртина кога беше јасен размерот на силите на теренот.
Бојан Трајковски постигна 28 поени и 14 скока во победата на Куманово.
Милан Марковиќ и Тајлер Харис постигнаа по 13 поени и 6 скока во поразот на тимот од Гевгелија.
Следниот натпревар, Куманово го игра за шест дена против тимот на Работнички.