×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бислимска клисура интересна за германски и чешки кајакари

    09.06.2018 08:03 | KumanovoNews

     Кајакари од Германија и Чешка се почесто ја посетуваат Бислимската клисура и реката Пчиња.

    Бислимска клисура интересна за германски и чешки кајакари

     Тие доаѓаат организирано, во потрага по возбудливи доживувања и спортска рекреација, истражувајќи ги убавините на кумановскиот крај, и на Македонија.

    Жителите на селото Шупљи Камен кажуваат дека пред околу два месеци на Пчиња кампувале кајакари од Германија, кои раскажувале дека за природните убавини на нашиот крај слушнале од чешките колеги.   

    Тие биле пријатно изненаден од можностите што ги создала природата за рафтинг, но биле разочарани од државата што не создала услови за искористување на природниот потенцијал во туристички цели.

    Бислимска клисура и реката Пчиња се најдоа на понудата за посета на спортските рекреативци од Чешка во 2015 година, како дел од возбудливата тура насловена „Пловна тура низ Македонија“. Од тогаш наваму, Бислимската клисура ја посетуваат и германски кајакари.

    Странците времето го поминувале и спуштајќи се со јаже по Пчиња, што претставува вистинско доживување за сите оние кои трагаат по возбуда.

    Зголемениот интерес за рекреативни содржини и посета од странски гости, е доволна причина надлежните сериозно да се зафатат и да инвестираат во ова место.

    Граѓаните се надеваат дека локалната самоуправа од Куманово ќе го искористи потенцијалот на Бислимска клисура не само заради истакнување на природните убавини во туристички цели, туку и за промоција на кајакарството како спортска дисциплина интересна за младите во Куманово.

    Бислимска клисура се наоѓа на 5 километри од Куманово, по течението на реката Пчиња и долга е 6,5 километри. Всечена е во капри и на некои места наликува на кањон. Нуди одлични можности за развој на туризам, поради големиот број на пештери, разновиден растителен и животински свет и екстремни спортови.

                                                                  (С.Т.)