Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа во дуелот против Фени Индустри со резултат 71-65. За четвртата позиција на табелата покрај последниот натпревар можеби ќе решаваат резултатите и на другите натпревари.
Стефан Живановиќ постигна 16 поени додека Марјан Јаневски го зарвши натпреварот со 14 поени за битна победа на Куманово.
Неизвесноста во Суперлигата сеуште трае, и единствено што нема да се промени е тоа што МЗТ Скопје ќе ја има лидерската позиција на табелата.
Куманово во последното коло го пречекува лидерот на табелата што ќе бидне тешка задача за тимот на Србиновски. Овој натпревар нема да има резултатско значење на МЗТ, па на тоа ако се додаде и фактот дека Куманово ќе бидне домаќин на натпреварот дава надеж дека со победа кумановчани ќе го заверат четвртото место на табелата.
Доколку забележат пораз, Куманово сеуште има шанси да влезе во завршницата на првенството. Конкурент за четвртата позиција е Кожув кој има подобар меѓусебен дуел од Куманово, а кој во последното коло игра против Карпош Соколи.
Карпош Соколи и Работнички имаат скор од шест победи и два порази, па во последното коло сигурно ќе бркаат победа со која ќе обезбедат предност на домашен терен. Работнички има поен предност во меѓусебните дуели, па со сигурност ќе сака да го победи Фени на гостински терен.
Она што е сигурно е дека не очекува интересен расплет во последното коло од Суперлигата.