Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска ги повика локалните бизнисмени да донираат за развој на локалните спортови, кои по долги години заживуваат во градот но се соочуваат со сериозни финасиски проблеми.
Последниве четири години постигнавме врвни екипни спортови, меѓутоа финансирање од буџетот на општината не е доволно за развој на спортот. Особено ако се знае дека спортската сала во 2002 година е доделена на стопанисување на здружение и не се одржува како што треба. Апелрам до Владата да се раскине тој договор и спортските објекти да се дадат на стопанисување на општината. Затоа ги замолив бизнисмените да помогнат на Сојузот на спортовите да се надмине кризата се во интерес на спортот. - вели Дамјановски.
Тој им предложи на бизнисмените да донираат сретства според сопствените можности, а за возвраст ќе добијат карти за натпреварите и вип место во публиката. Повеќето бизнисмени прифатија да го спонзорираат спортот и да дадат свој допринос за негов развој.
(фото архива)