Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двата македонски претставника овој викенд ќе ги одиграат натпреварите од 3. коло од елитното натпреварување во Лигата на Шампионите.
Ракометарите на Металург веќе отпатуваа во Шпанија каде го завршија и својот прв тренинг и утре со почеток во 16:15 часот во салата Барса Благурана ќе ги одмерат силите со големата Барселона.
Додека, вториот претставник е подготвен домаќински да ја пречека екипата на парискиот ПСЖ.
Натпреварот започнува во недела во 19 часот во Салата Борис Трајковски.
Од другите средби вниманието го привлекува новата полска пресметка, меѓу екипите на Висла Плоцк и Киелце. Интересно, ЕХФ за натпревар на неделата го прогласи мечот Данкерк – КИФ Колдинг.
Распоред и сатница на натпреварите:.
16.00 часот: Ст. Петербург – Загреб група А.
16.15 часот: Барселона – Металург група Ц.
16.30 часот: Цеље П.Л. – Р.Н. Ловен група А.
20.15 часот: Порто – Кил група Б.
13.30 часот: Алборг – Хамбург група Д.
16.00 часот: Халмштад – Натурхаус ла Риоха група Д.
17.00 часот: Данкерк – КИФ Колдинг група Б.
17.30 часот: Фленсбург – Горење Велење група Д.
19.00 часот: Вардар – Пари Сен Жермен група Ц.
19.30 часот: Висла Плоцк – Киелце група Б.