Богат викенд за ракометарките
28.03.2014 09:35
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово овој викенд ги очекуваат натпревари во две категории.

Пионерките гостуваат во Скопје против екипата на Велкова 5, каде што ги очекува интересен натпревар за борба на нови поени на табелата.
Сениорките во недела со почеток во 16.30 часот на домашен терен во Спортската сала за противник ја имаат екипата на Пелистер 2012 кој е зад нас на табелата.
Љубители на добриот ракомет ќе имаат можност да проследат интересен натпревар во кој се надеваме дека домашната екипа ќе излезе како победник.