Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бостон како гостин во Солт Лејк Сити во неизвесен финиш по продолжение ја доби Јута со 110-107, а Денвер на домашен паркет го надигра ЛА Лејкерс со 119-108.
Пол Пирс со 26 поени ги водеше Селтикси до триумф над Јута кој се решаваше во продолжението. Капитенот на Бостон Пирс во регуларниот тек го промаши шутот за победа, но беше феноменален во продолжението и дербито во Солт Лејк Сити го заврши со 26 поени, 8 асистенции и 7 скока. Солиден меч одигра и ветеранот Кевин Гарнет со 13 коша и 10 скока.
Во поразената Јута прв стрелец е Гордон Хејвард со 26 поени.
Кошаркарите на Денвер со маестрална игра во првите две четвртини во кои постигнаа дури 67 коша го трасираа патот до триумф над ЛА Лејкерс од 119 -108.
Предводници на Денвер во победата над гостите од Ел – Еј се Вилсон Чендлер и Тај Лосон со реализација од 23 односно 22 поени.
Поразот во Денвер не можеше да го спречи ниту одличниот Коби Брајант кој со 29 поени беше најефикасниот играч на овој натпревар. Брајант покрај 29 поени оствари и 9 асистенции и 6 скока, солиден меч одигра и искусниот Стив Неш со 16 поени, Двајт Хаувард имаше 15 коша, 14 скока и 4 блокади.
Ал Хорфорд со 20 поени и 20 скока ја одведе Атланта до победа над Детроит од 114-103, нов успех утринава забележа и тимот од главниот град, Вашингтон како гостин го изненади Торонто со 90-84. Најлошиот состав на гостински терен утринава покажа дека знае да победува и најдвор од својата сала, на гостувањето кај Торонто Визардси го забележаа само петтиот триумф на гостински паркет.