×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бране Петрушевски: Посакувам титулата да отиде во Англија

    16.06.2018 18:39 | KumanovoNews

     Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, Бране Петрушевски, го подржува англискиот фудбал бидејќи смета дека е на ниво на религија, а  вели дека интересно би било финалето да го играат Хрватска и Србија

    Бране Петрушевски: Посакувам титулата да отиде во Англија

    Го следите ли Светското првенство во фудбал во Русија?

    Светското фудбалско првенство е најпрестижниот спортски турнир во светот, а со тоа и најгледаниот и најследениот спортски настан во светот. Како љубител на спортот, мундијалот за мене е голем настан, кој од дете уживам да го следам. Нормало, денес обврските ми дозволуваат се помалку време за лични задоволства, но сепак ќе најдам време да ќе ги проследам најинтересните натпревари.

    За кого навивате?

    На мое големо жалење, единствената репрезентација за која би можел да го употребам зборот „навива“, не учествува на ова Светското првенство. Нормално, тоа е репрезентацијата на Република Македонија. Инаку, како некој кој го следи англиското фудбалско првенство, ете би можел да ја поддржам англиската репрезентација. Истовремено, во кругот на репрезентациите кои би ги поддржувал на ова првенство се и хрватската и српската репрезентација.

     На кого типувате дека ќе ја освои освои титулата, кој е ваш фаворит?

    Фаворитите за светската титула се горе - долу исти на секое светско првенство. Тоа секако се репрезентациите на Бразил, Франција, Шпанија, можеби Германија, Англија и Аргентина. Јас лично би сакал титулата да отиде во Англија, од причина што фудбалот таму е на ниво на религија, а и лично сметам дека во нивната фудбалска лига се игра најдобриот и најинтересниот фудбал.

     Кого сакате да видите во светското финале?

    Интересно прашање. Можеби, заради нашето опкружување и историската близина, би било интересно едно финале помеѓу Хрватска и Србија. Од фудбалски аспект гледано, секако дека повеќе репрезентации имаат квалитет да пружат едно интересно, занимливо финале. Финале помеѓу Бразил и Аргентина би го красел јужноамериканскиот темперамент, додека европската фудбалска техника на Шпанија, Германија и Франција е вистински „деликатес“ за фудбалските сладокусци.

     Се нервирате ли кога губи тимот за кој навивате?

    Воопшто не. Не сум по природа човек кој се нервира. Се слагам со дефиницијата дека „фудбалот е најважната споредна работа на светот“, но сепак и поразите, како и победите се дел од спортот. Впрочем така е и во животот, не можете само да победувате. Вистинскиот карактер на човек се гледа токму во однесувањето при поразите. А јас учам од поразите и ги сметам за уште еден чекор поблиску до успехот. Така е и во спортот. Навивам за фудбалскиот клуб Ливерпул, кој го изгуби финалето на Лигата на шампионите. Воопшто не се нервирав, зашто знам дека ова им е искуство плус и во наредната сезона ќе бидат поподговтвени за еден таков натпревар. Треба оптимистички да гледаме на работите.

     Со кого најчесто гледате фудбал?

    Најчесто со другарите. Преферирам во друштво, затоа што така се развиваат дискусии, се коментира, паѓаат шеги, па и кавги, и е поинтересно...Имам големо друштво, кое сака спорт и често се организираме да гледаме заедно. Порано почесто, сега, кога на сите ни се зголемија семејните и професионалните обврски, морам да признам дека вакви „собиранки“ организираме се помалку. Но, сепак е Светско првенство во фудбал и ќе се собереме за поважните натпревари.