Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дваесет и двајца пингпонгари од Србија, Бугарија и Македонија, учествуваа на Меѓународниот турнир во пинг-понг за ветерани, кој викенедов се одржа, по повод Денот на ослободување на Куманово, 11 Ноември.
„По многу интересни мечеви и со витешка борбеност беа постигнати следните резултати: прво место освои Јулиан Бојанов од Бугарија, второ место Александар Нолевски од Македонија и трето место Вили Ангелов и Филе Матевски од Македонија“, - соопштуваат организаторите.
Тие додаваат дека на најдобрите поединци им се доделени медали и дипломи за постигнатиот успех, а на победникот на турнирот и победнички пехар.
На турнирот беше доделен и подарок на гостинот од Пожега – Р.Србија Десимир Михаиловиќ, кој е девет години учествува на овој турнир.
Традиционалниот Меѓународниот турнир во пинг-понг, е во организација на Пинг понг клуб „Куманово“ и ОССК, а се одржа во спортската сала на Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.