Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тренерот на Челзи, Карло Анчелоти денеска изјави дека цела Италија ќе навива за неговиот клуб во мечот од осмина финалето на Лигата на шампионите против Интер поради однесувањето на Мурињо.
„Цела Италија, освен навивачите на Интер утре ќе навиваат за Челзи“ - изјави Анчелоти на италијанските новинари.
Мурињо поради своите кавги со медиите, судиите, членовите на сојузот и колегите не e омилен во Италија, а во свој стил е и пречка на лондонскиот тим овие денови.
„Мурињо знае да направи добра атмосфера во тимот, но јас такво нешто никогаш не би правел“ - додаде Анчелоти.
Португалецот беше тренер на Челзи од 2004 - 2007 година и освои две шампионски титули, два Лига купа и по еден ФА Куп и Комјунити Шилд. Одкако го напушти Стемфорд Бриџ и го презема Интер, Челзи не освои ниту еден трофеј.
„Точно е дека после неговото заминување Челзи не освои трофеј, меѓутоа Аврам Грант беше блиску до триумф во Лигата на Шампионите“ - изјави Анчелоти.