×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четворица кандидати за селектор на ракометарите

    14.03.2013 08:39 | KumanovoNews

    Илија Темелковски, Владимир Глигоров, Ристо Магдинчев и хрватскиот стручњак Ивица Обрван се четворицата кандидати за наследник на Ѕвонко Шундовски на клупата на македонската ракометна репрезентација.

    Четворица кандидати за селектор на ракометарите

    Тие досега испратиле кандидатура за оваа функција, а крајниот рок истекува вечерва на полноќ. Селекторот ќе го избере Комисија на Ракометната федерација во состав: Ѓорѓи Тренковски, Гордана Нацева и Никола Панчевски.

    Четворицата кандидати се познати ракометни имиња на македонската и екс-ју ракометната сцена.

    Илија Темелковски веќе беше селектор на машката репрезентација и засега го има најголемиот успех на едно Светско првенство, 11. место на Мундијалот во Хрватска пред четири години. Владимир Глигоров исто така има селекторско искуство, но на женскиот национален тим со кој го освои седмото место на Европското првенство одржано во нашата земја во 2008 година. Ристо Магдинчев, пак, долго време работеше во Франција, а по враќањето во Македонија немаше посериозен тренерски ангажман.

    Единствениот странски стручњак во конкуренција за селектор на македонската репрезентација е поранешниот хрватски репрезентативец Ивица Обрван, поранешен предводник на Загреб, Метковиќ, Медвешчак и Горење. Нашата ракометна јавност веќе го прогласи Обрван за нов селектор, но тоа, сепак, ќе биде познато за десетина дена.

    Она што сите во земјава ги интересира, Лино Червар досега нема испратено кандидатура.