Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометниот клуб Карпош Вардар имаше успешен настап на државниот турнир организиран од РК Вардар под насловот „Еден живот - една љубов“.
Во вториот дел од турнирот РК Карпош настапи со две екипи, машка екипа генерација 2004 и помали и мешан состав во мини-ракомет кои се во генерација 2006 и помали.
Машката екипа заврши како четвртопласирана на овој турнир. Одигравме одлично во групата, извојувавме победи против Урдаревски 8-7, Кисела Вода 2 со 21-6 и Виница со 12-9. Потоа ни следуваше потешката страна од ждребот, не стигна уморот и полуфиналниот и натпреварот за третото место го загубивме во последните пет минути. Во полуфиналето загубивме од тимот на Бесинов со резултат 13-12 иако водевме со резултат 11-9. Потоа за третото место Илинден беше подобар со резултат 14-13. - изјави Миодраг Јовановски Црни, тренер на тимот.
И покрај лошите завршници, тренерот е задоволен од настапот на оваа екипа.
На овој тунир покажавме дека сме меѓу подобрите филијали на Вардар. Задоволни сме од настапот на нашите ракометари и се надеваме на подобри резултати во иднина. Покрај оваа екипа, имавме тим во мини-ракомет кој забележа 3 победи и 1 пораз, а бидејки нивниот турнир нема натпреварувачки карактер, сите добија диплими за учество - додаде Јовановски.