Мени

Цонга и Ферер во полуфинале на турнирот во Абу Даби

27.12.2013 08:35 | KumanovoNews

Шпанскиот тенисер Давид Ферер по победата против пвајцарецот Станислас Вавринка се пласираше во полуфиналето на турниот во Абу Даби.

Цонга и Ферер во полуфинале на турнирот во Абу Даби

Откако го победи Вавринка со 7-5,6-1 за противник во полуфиналето го има својот сонародник Рафаел Надал.

Во вториот меч пласман во полуфиналето освои Цонга кој против Енди Мареј славеше со 7-5,6-3 и за противник го има бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ.