×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Црвена Звезда во трка за шампионската титула

    11.06.2013 08:30 | KumanovoNews

    Актуелниот шампион на Србија, Партизан ја прокоцка првата меч-топка во финалната серија од првенството откако вечерва загуби од Црвена Звезда со 74:81.

    Црвена Звезда во трка за шампионската титула

    Партизан славеше во претходните два дуели од финалето и вечерва (како формален домаќин) имаше шанса да дојде до својата 12. титула по ред во домашното првенство, но не ја искористи првата шанса. Во исклучително драматичен меч (какви што беа и претходните два) кој траеше два часа и 15 минути, Звезда подобро се снајде во последната четвртина која ја доби со 21:13 и, практично, тогаш ја обезбеди победата.

    Колку нервозен беше мечот најдобро покажува фактот што беа досудени дури 60 лични грешки од кои три намерни плус две технички, а кошаркарите на двете екипи изведоа 72 слободни фрлања.

    Партизан имаше можност да ја заврши работата уште во третата четвртина кога по серија од 10:0 се одлепи на 58:48, но не го издржа темпото и и дозволи на Звезда по 30 минути игра да се доближи на само -1, 60:61. И тука "црвено-белите" не застанаа, па со новата серија од 7:0 на почетокот од последниот период избегаа на 67:61. Партизан успеа да фати приклучок и да поведе со 71:70, но повторно следуваше добра игра на противникот кој со поените на Ракочевиќ, Нелсон и Скот отиде на 77:72.

    Во следниот напад Вестерман утна две слободни фрлања, но точка на мечот стави Нелсон кој на 20 секунди пред крајот поентираше за недостижни 79:74.

    Голема вина за поразот има капитенот на Партизан, Владимир Лучиќ кој и покрај тоа што беше најефикасен со 26 поени, загуби две важни топки во финишот од мечот. На спротивната страна, прв стрелец беше Ракочевиќ со 18 поени, Савовиќ и Катиќ додадоа по 12, но ништо од тоа немаше да биде важно без кошевите на Нелсон и Скот во финишот.

    Четвртиот меч од финалната серија во српското првенство се игра в среда, а формален домаќин ќе биде Црвена Звезда.