ЦСКА го отвори Евролигашкото првенство со победа
18.10.2011 11:45
| KumanovoNews
Кошаркарите на ЦСКА Москва вчера на отварањето на сезоната во Евролигата, беа подобри од екипата на Жалгирис со резултат 87:74.

Екипата од Москва ја искористи подолгата клупа и поквалитетните поединци во својот тим. Алексеј Швед постигна 19 поени, а Андреј Кириленко 17 поени со 15 скока во победата над Жалгирис. Во домашниот тим Де Хуан Колинс постигна 18 поени а Сони Вимс 16.
Пресостанатите денови ќе се одиграат следните натпревари:
- Група А: Фенербахче - Каха Лаборал, Канту - Нанси, Билбао - Олимпијакос
- Група Б: Жалгирис - ЦСКА (74:89), Панатинаикос - Уникаха, Бросе - Загреб
- Група Ц: Партизан - Ефес, Сарлоа - Реал Мадрид, Армани - Макаби
- Група Д: Уникс - Монтепаски, Проком - Галтасарај, Олимпија - Барселона