Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изминатиот викенд во Куманово беше одржано државното првенство во бразилска џиу-џица, каде што организатор беше кумановскиот клуб Д'Стронгест енд Рутс.
Организаторот Мартин Стефановски е задоволен од тоа како протекол турнирот, како и од резултатите кои ги постигнале кумановските борци.
Им честитам на сите натпреварувачи за постигнатите резултати и сакам да им се заблагодарам што го дадоа својот максимум, што даде квалитет на овој турнир. Ваков тип на натпреварувања е реткост во Куманово, и се надевам дека овој спорт ќе има светла иднина во градот. Ние сме млад клуб и оваа организација за нас претставува вистински успех. Благодарност до Алфи техноцентар, Мотоцентар, Пит Стоп Куманово, Термалифт, Ирски паб и Сојузот на спортови кои помогна во организација на овој натпревар. - изјави Мартин Стефановски тренер во клубот и организатор на настанот.
Од претставниците од Куманово, Никола Петрушевски, Андреј Стојановски, Марио Станојковиќ се закитија со златен медал во соодветни категории, Бојан Митевски, Марко Стаменковски, Леона Димковска и Стефан Лучиќ се сребрени на турнирот во Куманово, а Филип Стефановски, Марио Здравковски, Николчо Цветковски и Милош Стаменковски се бронзени.
Севкупен победник на турнирот е Д'Стронгест и Рутс БЏЏ Скопје, додека филијалата на Охрид на истиот клуб е второпласирана. Д'Стронгест и Рутс БЏЏ Куманово е третопласирана, четврти се Импакт академи СКопје, петти Д'Стронгест и Рутс БЏЏ Прилеп и шести се Будо Велес.