Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Десниот бек на Барселона, Дани Алавеш се жалеше на сув терен после поразот од Атлетико од 1:0 и елиминацијата од Лигата на шампионите.
Беше тешко против екипа која игра вака добро, и морам да им честитам. Имаа свој стил на игра и тоа им даде резултат. Теренот беше сув, и ја успори нашата игра, а нив им овозможи да прават контри. Атлетико ја заслужи победата - изјави Алавеш.
Неговиот соиграч Чави се жалеше на пропуштените прилики и шанси со кои би забележаа победа, а медиумите остро го критикуваат Меси, кој на натпреварот истрчал скромни шест километри, односно еден километар повеќе од голманот Пинто.