Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Довчерашниот кошаркар на МЗТ Скопје Данило Мијатовиќ е нов член на тимот на Куманово.
Оваа сезона Мијатовиќ требаше да настапува во тимот на Динамо Букурешт во Романија, меѓутоа овој трансфер остана нереализиран по што тој пристигнува во Куманово. Во минатата сезона Мијатовиќ за МЗТ Скопје постигнуваше 10 поени и 5 скока по натпревар во домашното првенство. Тој игра на позицијата крилен центар/центар, а го одликува добар шут и за три поени.
Куманово сеуште го составува тимот за оваа сезона, а се чека и враќање на македонските репрезентативци на кои им преостана уште еден натпревар против Унгарија, по што ќе бидат на располоагање на тренерот Србиновски.