Денеска се игра третиот натпревар помеѓу Куманово и Работнички
14.05.2018 11:49
| KumanovoNews
Екипата на Куманово денеска го игра третиот натпревар од серијата со Работнички, и ќе се обиде да обезбеди нов дуел со тимот од Градски парк во Куманово.

Работнички не дозволи Куманово да го искористи домашниот терен, и убедливо извојуваше победа во вториот натпревар со резултат 68-82. Денеска Куманово ја има последната шанса да ја продолжи серијата и да одигра уште еден натпревар во Спортската сала.
Натпреварот започнува во 19 часот со директен пренос на МРТ.