Мени

Дерби на колото: ЖРК Куманово против Охрид

15.11.2013 08:46 | KumanovoNews

Утре, со почеток од 13.30 часот во Спортската сала, ракометарките на Куманово ја пречекуваат екипата на Моби Дик од Охрид.

Дерби на колото: ЖРК Куманово против Охрид

Натпреварот од претпоследното 8. коло од домашното натпреварување ќе биде вистинско дерби во лигата.

Гостинската екипа од Охрид е првак на табелата без ниту еден пораз, а ние како второ пласирани одиме во борба за нови поени и победа на домашен терен-изјавија од клубот.

Ги повикуваме сите љубители на ракометот да проследат еден навистина квалитетен натпревар и да ни дадат подршка за нова победа-додадоа од клубот.