Ѓоковиќ без борба во полуфинале
12.02.2010 13:15
| KumanovoNews
Новак Ѓоковиќ без борба се пласираше во полуфиналето на турнирот во Ротердам.

Неговиот ривал во четвртфиналето требаше да биде Флориан Маер, кој се повлече од турнирот. Така да второпласираниот рекет во светот нема да биде во можност да го „освети“ Јанко Типсаревиќ, кој беше совладан во првото коло од страна на германецот.
Ѓоковиќ во четвртокот лесно излезе на крај со швајцарецот Марк Кјудинели (6:4, 6:2) во мечот на другото коло и се спремаше во петокот да ги одмери силите со Маер. Меѓутоа 63 тенисер во светот го истегнал мускулот во дуелот со Томи Робредо и нема да може да го продолжи натпреварот.