Мени

Ѓоковиќ ќе отсуствува од тениските терени

09.07.2013 08:34 | KumanovoNews

Поразот од Енди Мареј во финалниот меч од Вимблдон, го принуди српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ да направи пауза од тениските обврски и да се препушти на одморите.

Ѓоковиќ ќе отсуствува од тениските терени

Според најавите, Србинот ќе паузира еден месец и ќе се врати повторно на тенисот за време на подготовките за американската турнеја и турнирите во Монтреал и во Синсинати, како и турнирот УС Опен.  

„Задоволен сум од настапите кои ги имав годинава. За жал финалето на Вимблдон завшри трагично за мене но го дадов максимумот. Мареј беше подобар од мене и заслужи да го освои трофејот.  Јас продолжувам понатаму, останувам мотивиран за титули“, напиша Ѓоковиќ на својот „Фејсбук“ профил, додавајќи дека во Лондон ќе се задржи ден подолго.

Најпрво ќе одморам, а потоа почнувам со подготовките за УС Опен. Во Лондон ќе останам еден ден подолго поради организација на хуманитарна вечера. Доаѓаат убави денови. Благодарам на сите, им порача Србинот на навивачите.