×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ѓоковиќ обезбеди пласман во 1/8 финале на Вимблдон

    30.06.2013 09:02 | KumanovoNews

    Новак Ѓоковиќ го продолжи атакот на своајта втора круна на Вимблдон откако попладнево стигна до рутинска победа од 3-0 во сетови над Шарди.

    Ѓоковиќ обезбеди пласман во 1/8 финале на Вимблдон

    Францускиот тенисер во ниту еден момент не му беше достоен ривал на првиот носител, кој целосно ја демонстрираше својата надмоќност и славеше со убедливи 6-3, 6-2, 6-2.

    За очекување е Ѓоковиќ да се соочи со далеку посилен ривал во осминафиналето, со оглед на фактот дека Србинот против себе ќе го има Томи Хас, кој се наоѓа во одлична форма во последните неколку месеци.

     Томаш Бердих се врати од негатива од 0-1 во сетови и славеше со 3-1 над Андерсон, а следен ривал на чешкиот тенисер ќе му биде Австралиецот Бернард Томиќ, кој пријатно изненади совладувајќи го деветтиот носител Ришар Гаске.

    Многу интересно беше на дуелот Сепи - Нишикори, на кој славеше италијанскиот тенисер со 3-2 во сетови, со што се здоби со право во осминафиналето да излезе на мегдан со Хуан Мартин дел Потро.