Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајцата најдобри тенсиери Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал попладенво во рамките на полуфиналето на Ролан Гарос ќе играат еден против друг.
Ова ќе биде нивни 35.ти меѓусебен дуел, Надал има предност во победи од 19:15. На Грен слем турнирите ќе го играат мечот број 10, Надал и тука има предност од 6:3, а на Ролан Гарос има скор од 4:0 вклучувајќи го и ланското финале кое го доби со 3:1 во сетови.
Последните 11.меча меѓусебе Ѓоковиќ и Надал ги одиграа како финале на некој од турнирите и по подолг период ќе играа дуел за влез во финалето.
Овој меч на централниот терен „Филип Шатрие" почнува во 13 часот, а по овој дуел е второто полуфинале во кое ќе играат домашниот тенисер Жо-Вилфред Цонга и Давид Ферер.
Машкото финале се игра во недела.