Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ ја искористи предноста на покривот заради дождот на Централниот терен, за да напредува во третото коло, за разлика од други играчи, чии мечеви се одложени на Вимблдон.
Шампионот од 2011 го победи Американецот Боби Рејнолдс со 3: 0 (7-6 (7-2) 6-3 6-1) откако покривот беше ставен во акција за прв пат оваа недела.
Рејнолдс, кој е на местото 156 на ранг-листата , одлично играше, но Ѓоковиќ победи во еден час и 55 минути, а следниот негов ривал ќе биде или Џереми Шарди или Јан-Ленард Штруф.
Резултатот значи дека нема да има американски играч во третиот круг на Вимблдон за прв пат од 1912 година.
Томас Бердих, Хуан Мартин дел Потро и Ричард Гаске постигнаа напредок, но четвртиот носител Давид Ферер не успеа да игра со Роберто Баутиста Агут пред дождот да го прекрие Вилмблдон.