Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Oпштината Куманово денеска беа поделени пехари и признанија на учесниците на годинешниов училишен екипен турнир во шах што минатиот месец се одржа во Куманово.Наградите ги врачи градоначалникот Зоран Дамјановски.
Драго ми е што се беше организирано на така високо ниво и одскокнува од вообичаените организации во однос на посетеноста. Најголема заслуга за тоа има претседателот и мојот колега и поранешен градоначалник Слободан Ковачевски.
Локалната самоуправа го подржува спортот, а шахот како дел од спортот посебно ни е драго што добива на масовност во последно време и се организираат квалитетни турнири и училишни натпреварувања. Ќе настојуваме ова да стане традиционална манифестација-рече градоначалникот.
На екипно првенство во шах на основните училишта, прво место го освои ОУ „Браќа Миладиновци“, втора беше екипата од ОУ „Магдалена Антова“ а третото место го поделија учениците од ОУ„Кочо Рацин“ и „Битолски конгрес“ од с. Лопате.
Присуствуваме на еден ваков чин по завршувањето на едно квалитетно првенство во шах помеѓу основните училишта во градот. Особено ми е драго што успешноста ни ја потврдија учесниците на оваа првенство, професорите и претставниците од локалната самоуправа. По ова сме охрабрени да продолжиме со организирање на натпреварите и во поединечна конкуренција на ученици од основни училишта, односно кадети од 8-14 години или од 5 до 8 одделение-рече Слободан Ковачевски, претседател на Шаховскиот клуб.
Во знак на благодарност за големата подршка во организација на турнирот, претседателот на шаховскиот клуб за несебичната помош додели благодарници на поединци и институции.
На првенството учествуваа 11 училишта со по четири екипи. Организатор на Првенството беше градскиот шаховски клуб „Куманово“.