Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Победникот во регионалното натпреварување, екипата на Цибона после феноменалната игра во Белградска арена, најави дека многу се мали шансите да настапат следната сеозна во Евролигата.
По одигрувањето на хрватското дерби во Белградска арена, двата тима, Цибона и Цедевита обезбедија директен пласман во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување.
Сепак новиот шампион во АБА лигата веројатно е тим со најлоша финансиска конструкција, па после сонот во Белград, па нема да биде изненадување доколку не успејат на најдат подршка и Загреб следната година да остане со еден тим во Евролига.
Тоа отвара простор на тимот на Црвена Звезда директно да се пласира на местото на Цибона, а Партизан после 13.години учество своето место да го бара низ квалификацискот турнир.
Извршниот директор на Евролига Ѓорди Бартомеу најави дека квалификациониот турнир има шанси да биде одигран во Белградска арена доколку некој ја превзема организацијата, а дека шансите Партизан да добие специјална покана за учество се минимални.