×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Домаќинот Германија е нов предизвик за кошаркарите на Македонија

    24.08.2013 10:18 | KumanovoNews

    По вчерашната победа над Грција, македонската кошаркарска репрезентација денеска попладне ќе игра против домаќинот на Суперкупот, селекцијата на Германија, во рамките на подготовките за Европското првенство во Словенија.

    Домаќинот Германија е нов предизвик за кошаркарите на Македонија

    Ова ќе биде претпоследен контролен натпревар за избраниците на селекторот Алеш Пипан. Покрај овој дуел од 17 часот во Улм играат Грција и Босна и Херцеговина. Германија синоќа во првото коло загуби од нашиот ривал во групата Босна и Херцеговина со 73:62. Најефикасен на овој натпревар беше Мирза Телетовиќ од БиХ со 26 поени. Македонија на последниот ден од турнирот во недела (17 часот) ќе се пресмета со Босна и Херцеговина, еден од противниците на шампионатот во Јесенице, во Б групата.