ДПСМ го надигра ВМРО-ДПМНЕ
25.02.2013 10:05
| KumanovoNews
Екипата на Младинската организација на Демократската партија на Србите во Македонија го освои првото место на турнирот во мал фудбал што Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, викендов го организираше во спортскиот центар "Борис Трајковски " Скопје.
Екипата на подмладокот на ДПСМ во полуфиналето беше појака од младите на ВМРО-ДПМНЕ, а во финалето го совлада тимот на Партијата на правдата.
Најдобрата екипа го доби победничкиот пехар. Турнирот во мал фудбал се организираше под мотото "Спортот обединува и ги надминува сите разлики", а учествуваа подмладоците на сите политички партии во Македонија. Целта на турнирот беше да се испрати порака, дека секогаш е посилно она кое не спојува од она што не разделува.

