Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бразилците играат од срце, без однапред подготвени шаблони и затоа сакам во финалето да ги видам Бразил-Аргентина, поради ривалитетот на овие две репрезентации, - вели Драган Петковски, советник на ВМРО-ДПМНЕ, во Советот на Општина Куманово.
Го следите ли Светското првенство во фудбал во Русија?
Да, го следам колку што ќе ми дозволи слободното време. Овој период имам и многу работни обврски, ама секој слободен момент го посветувам за следење на натпреварите од првенството.
За кого навивате?
Немам некои посебни претензии кон ниедна репрезентација, ќе навивам првенствено за добар фудбал, а секако дека сакав да одат напред нашите соседи, Хрватска и Србија.
На кого типувате дека ќе ја освои титулата, кој е ваш фаворит?
Mој фаворит е Бразил, бидејќи играат од срце, без однапред подготвени шаблони. Белгија и Шпанија имаат добри состави, но не смееме да ги заборавиме и Португалија, Русија како домаќин.
Впрочем ова е Светско првенство и сите репрезентации што се дојдени тука имат поминато низ напорни квалификации, а тоа значи дека секој може да изненади.
Кого сакате да видите во светското финале?
Бразил - Аргентина e натпревар кој сакам да го видам во финалето, поради ривалитетот на овие две репрезентации, а секако дека би било интересно да се видат еден наспроти друг Меси и Роналдо, т.е. Аргентина - Португалија.
Со кого најчесто гледате фудбал?
Многу различно, во зависност од ситуација. Во секој случај во поголемо друштво е поинтересно, коментарите и прогнозите пред, за време и по натпреварот го прават следењето вистинсо доживување.
Се нервирате ли кога губи тимот за кој навивате?
Не се нервирам многу, доколку не игра Македонија. Кога нашите се во прашање сосема е поинаку, многу поемотивно го следам натпреварот во било кој спорт.