×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Државено првенство во атлетика за ученици од основни и средни училишта се одржа во Куманово (фото)

    16.05.2023 21:29 | Оливера Пешевска

    На Атлетскиот стадион во Куманово, денеска се одржа Државно првенство во атлетика на кое учествуваа ученици од 32  основни и 21 средно училиште од Македонија. 

    Државено првенство во атлетика за ученици од основни и средни училишта се одржа во Куманово (фото)

    На првенството се натпреваруваа ученици од Скопје, Свети Николе, Штип, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Битола, Прилеп и Куманово.

    Организатор на првенството е Федерација на училишен спорт на Македонија, преку Општински сојуз на училишен спорт на Куманово и Атлетски клуб Куманово.

    Бодувањето на денешениот натпревар кое ќе влезе во табелата на Атлетската федерација на Македонија. Првопласираните три ученици, од сите дисциплини и во женска и во машка конкуренција ќе бидат наградени со завршен, училишен, летен спортски камп во Охрид.

     „За да се дојде до државно првенство беа организирани општински првенства,каде учествуваа основните и средните училишта,а денеска право на настап имаа првопласираните три места. Куриозитет е тоа што беа вклучени и најмалите од второ до шесто одделение со трки на 60 метри, тоа беше една прекрасна манифестација со голема масовност. Три турнири беа организирани кон крајот на април и почетокот на март, со над 400 спортисти“изјави Ивица Ѓорѓиевски, претседател на Општинскиот сојуз на спортови Куманово.

    Учениците од основните и средни училишта во Куманово постигнаа одлични резултати и освоија над 20 медали во повеќе атлетски дисциплини.

    Освоени награди  на ученици од кумановските основни училишта:

    Прво место, скок во височина Михаела Домазетовиќ, ОУ „Крсте Мисирков“

    Прво место, скок во  далечина, Михаил Стошевски, ОУ „Кочо Рацин“

    Прво место, фрлање ѓуле Горјан Јакимовски, ОУ „Кочо Рацин“

    Прво место, 60м и прво на 300м за 6-7 одд., Ведран Николовски, ОУ „Крсте Мисирков“

    Прво место, штафета 4х100м, машки, ОУ „Кочо Рацин“

    Прво место, штафета 4х100м, женски, ОУ  „Кирил и Методиј“

    Второ место, на 800м, Ермаљ Јусуфи, ОУ „Кирил и Методиј“

    Второ место, фрлање ѓуле Маша Арсиќ, ОУ „Кочо Рацин„

    Второ место, место, 300м, Алина Шабани, ОУ „Бајрам Шабани“

    Трето место,скок во височина, Михаил Стошевски,

    Трето  место, 300м (6-7 одд.) Михаил Милановски, ОУ „Карпош“

    Трето место, 300м, женски (6-7 одд) Рина Исмаили, ОУ „Кирил и Методиј“

    Трето место, 100м Леон Златков, ОУ „Браќа и Миладиновци“

    Наградени ученици од кумановските средни училишта:

    Второ место, скок во далечина и второ место 100 м Дијана Вукановиќ  Гимназија „Гоце Делчев“

    Второ место, фрлање ѓуле и скок во височина Теа Алексовска СТУ „Наце Буѓони“

    Второ место, 400м Калдрина Азизи Гимназија „Сами Фрашери“