Мени

Џон Тери се смири со својата сопруга

15.02.2010 23:44 | KumanovoNews

Капитенот на Челзи Џон Тери успеа да го спаси својот брак на Денот на вљубените. Тој ја однесе најголема победа надвор од теренот и можеби најважна до сега бидејќи успеал да ја убеди својата сопруга да му ја прости аферата која ја имаше со Ванеса Перонсел.

Џон Тери се смири со својата сопруга

Тери добил неколку слободни дена од менаџерот Карло Анчелоти и отишол во Дубаи со својата сопруга каде го искоистил целиот свој шарм за да ја убеди да му прости. По се изгледа и не се потрудил многу, доволно било да изнајми јахта и да ја одведе Тони на риболов.

Фудбалерот платил 8.000 евра за дневно изнајмување на јахтата „Тимар1“. Парот уживал во прекрасното време, а на крајот на крстосувањето одушевено изјавиле дека биле како на меден месец само што овој пат со нив биле нивните деца што било уште поубаво.

Џон и Тони успеале да се смират и со тоа покажале дека навистина им значи нивниот заеднички живот.