Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Матеја Ефремовска, атлетичарка и Стефан Петровски, велосипедист се прогласени за најдобри спортисти во 2015 година, од Општинскиот сујуз на спортови Куманово.
„Прекрасно е чувството кога се гледаат резултатите по сиот вложен труд и напор во текот на целата година. Веќе бев на европско првенство, благодарам до општината којашто ми пружи поддршка. Се надевам дека оваа сезона уште подобри резултати ќе постигнеме. Минатата година поставив државен рекорд во фрлање на диск учествував на европските олимписки игри, станав државен првак во фрлање на диск и ѓуле и освоив бројни први места на државни и меѓународни натпревари„, - изјави Матеја Евремовска.
Наградата за Стефан Петровски ја прими неговата мајка, бидејќи тој е на трка во Солун.
„Како мајка многу се гордеам зашто тој е долгогодишен победник и многу признанија заслужено победува и многу сум горда на неговите успеси, - изјави Станче Петровска.
За најдобри спортски клубови прогласени се: велосипетскиот клуб Вело М и Атлетски клуб Куманово, а најпопуларен клуб е кошаркарскиот клуб Куманово.