ЕП: Нерешен резултат против Чешка е навистина најреален
Ракометната репрезентација на Македони, вчера ги подели бодовите во 2. коло на Европското првенство во Данска, завршувајќи го нерешено натпреварот со 24-24.

Кире Лазаров, капитенот на нашата репрезентација како и селекторот Обрван ги искажаа своите видувања за овој дуел во кој најреален резултат беше сепак нерешениот.
Освоениот бод за нас е навистина голем предизвик. Повторно промашивме многу чисти ситуации и затоа треба да поработиме на реализацијата и прецизноста во играта. Против Австрија одиме на победа, бидејќи навистина ги сакаме тие поени за да продолжиме во наредната фаза од натпреварувањето-изјави Лазаров.
Во вториот натпревар од нашата група, репрезентацијата на Данска ја совлада Австрија со резултат 33-29.
Табела:
Данска 4 поени,
Аврстрија 2 поени,
Македонија 1 поен,
Чешка 1 поен.