×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ерин Тричковиќ освои осум медали на Државно првенство во Скопје

    10.07.2023 18:14 | Оливера Пешевска

    Ерин Тричковиќ (12) од пливачкиот клуб Делфин од Куманово, освои осум медали во исто толку дисциплини во категоријата помлади пионери на  Државното првенство на Македонија, кое викендов се одржа во Скопје.

    Ерин Тричковиќ  освои осум медали на Државно првенство во Скопје

    Ерин се закити со две златни медали на 100 и 50 м делфин, четири сребрени медали во 200м слободен стил, 50 м грбно, 100м градно и 200м мешано и две бронзи на 50м градно и 50м слободно. 

    „Практично освои медали во сите категории во кои беше пријавен.  Тој тренира од 5 години, а во последните 7 години е посебно активен и вреден, па од вложениот труд се гледаат и резултатите кои ги постигнува. На Ерин му претстои блескава кариера, и веќе го гледам во државната репрезентација на некоја од следните олимпијади“, истакнува со гордост тренерот Далибор Стаменковски, од Пливачкиот клуб „Делфин“ од Куманово.

    Според програмата на Националната пливачка федерација на Македонија,  викендов се одржа Летното национално првенство во пливање за кадети, постари и помлади пионери. На првенството учествувале три клубови од Куманово, два од Охрид и 16 клуба од Скопје со вкупно 301 натпреварувачи.

    Ерин се натпреварувал и на минатите првенства и освојувал награди, но годинава покажал значителен напредок и голем успех.

    „Тричковиќ е уникатен и редок талент, кој се раѓа само еднаш.  Иако е уште мал, допрва ќе се развива и расне и физички и како спортист, сметам дека за Куманово ќе биде вистинска атракција кога ќе прерасне во врвен спортист“, додава Стаменковски.

    Ерин Тричковиќ со двајцата браќа и родителите последните четири и пол години живее во Хјустон ,Тексас, САД. И неговите браќа се занимаваат со пливање,  но најмалиот најсериозно се посветил на тренирањето, дисциплиниран е во исполнување на своите обврски и полека ја надоградува својата техника и кондиција.

    „Дури и да го прашаме да прескокне некој тренинг, тој само луто ќе не праша дали сме сериозни. За него не постои ништо поважно од базенот и вежбањето. Постигнува резултати и на државните натпревари во Тексас, соборува рекорди во неговата пливачка категорија, но се уште за свој матичен клуб го смета Делфин од Куманово. И со големо задоволство и нетрпение ги очекува натпреварите на кои настапува овде кога секоја година доаѓаме на одмор“, велат родителите на Ерин.

    Пливачките тренинзи во САД ги посетува и плаќа приватно, затоа што основните училишта немаат пливачки клубови. Подоцна во повисоките класови веќе во склоп на училиштата има клубови кои значително ќе му го олеснат процесот и нема да му одземаат толку време. Во групата во која моментално тренира веќе ги надминал сите свои другари, па тренерите му даваат доплнителни вежби и испливувања на повеќе кругови за да не му е здодевно на тренингот. Не ретко тренира и со групата на повозрасни спортисти, но сепак тренерите не го форсираат затоа што тој е во раст и развој и избегнуваат за да не дојде до некоја повреда.

    „Условите за тренирање кои ги има таму секако дека многу придонесуваат за остварување на напредок и подобри резултати. Но и посветеноста на тренерите кои работат со него е една од клучните алки за видлив напредок, успех во базените и етаблирање на пливачките ранг-листи“, додаваат родителите.