×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Евролига ги прифаќа условите на АБА лигата

    05.03.2013 08:49 | KumanovoNews

    Според српските медиуми, Евролигата ги прифаќа критериумите за пласман од АБА лигата, но само за клубови кои ги исполнуваат условите на најелитното европско клупско кошаркарско натпреварување.

    Евролига ги прифаќа условите на АБА лигата

    Според Мондо, денес Евролигата со официјално соопштение треба да ги разреши дилемите и ќе разјасни по кои критериуми екипи од АБА лигата ќе можат да изборат пласман во Евролигата.

    Евролигата најверојатно ги прифаќа условите на АБА, што значи дека шанса за пласман во Евролигата ќе има првопласираната екипа на крајот од лигашкиот дел од сезоната, победникот на Фајнал Фор турнирот, а уште една екипа која најверојатно ќе биде финалистот, ќе игра во квалификациите.

    Сепак, Б лиценцата за настап во Евролигата ќе ја добијат само екипите кои ги исполнуваат строгите критериуми на Евролигата.

    Тоа значи дека моменталниот лидер и треропласираната екипа, Игокеа и Раднички нема да можат да играат во Евролигата затоа што немаат сали кои примаат над 5.000 гледачи и немаат аеродром во близина од 100 километри.

    На три кола пред крајот на лигашкиот дел, МЗТ Скопје се наоѓа на 8-та позиција со 35 поени, 2 помалку од 4-то пласираниот Будуќност. Во следното коло МЗТ му гостува на фенерџијата Солнок, потоа го пречекува Партизан и на крајот ќе и гостува на Крка.