×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Европско кошаркарско првенство во Струмица

    18.07.2013 06:56 | KumanovoNews

    Kошаркарската репрезентацијата на Македонија до 18 години од денеска до 28 јули ќе настапи на Европското првенство Б-дивизија во Струмица, на кое ќе се обиде да избори пласман една дивизија погоре.

    Европско кошаркарско првенство во Струмица

    Денеска Македонија игра против Унгарија (18.45 ч.) во салата „Парк“. Претходно е закажано свеченото отворање.

    Селекторот Мирза Kуртовиќ ги одреди 12. кошаркари што ќе ја претставуваат Македонија на овој континентален собир. Тоа се Kристијан Николов, Андреј Магдевски, Андреј Цветковски, Дарио Митров, Даниел Нацевски, Адем Мекиќ, Илија Парталов, Јетмир Зекири, Љубомир Младеновски, Милан Милков и Мартин Шалев.

    Подготовките за овој собир се реализираа изминативе два месеца, а беа проследени со поголем број пријателски натпревари.

    Македонија е во група со Унгарија, Данска, Полска и со Финска и натпреварите ќе ги игра в четврток, сабота, недела и в понеделник, сите со почеток од 18.45 часот.

    Само двете првопласирани селекции од групата ќе обезбедат разигрување за пласманот во А-дивизијата. На крајот на првенството селекциите што освоиле медал ќе се натпреваруваат во А-дивизијата следната сезона.

    Имаме квалитетен тим, кој сепак очекуваме вистинскиот зенит да го достигне идната сезона. Подготовките ни минаа одлично и готови сме за ова ЕП. Не може со сигурност да се каже дали нашиот квалитет ќе биде доволен за пласман во А-дивизијата затоа што не ги познаваме добро другите екипи за кои ќе дознаеме повеќе во текот на шампионатот. Добро би било да почнеме со победа, а за првиот противник знаеме дека располага со солиден квалитет - изјави Бране Андриевски, помошник на селекторот Kуртовиќ.

    Инаку, на Европското првенство во Струмица за играчи до 18 години ќе настапат вкупно 22 репрезентации поделени во четири групи.

    Освен оние во групата со Македонија, тоа се Германија, Холандија, Естонија, Австрија, Норвешка, Израел, Романија, Шведска, Швајцарија, Словачка, Шкотска, Црна Гора, Португалија, Луксембург, Белгија, Белорусија, Грузија.

    Европското првенство во кошарка за мажи до 18 години, Б-дивизија, трет пат се одржува во градот под Царевите кули.