×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Европското првенство за жени во фудбал ќе се игра и во Куманово

    24.02.2010 10:53 | KumanovoNews

    Дел од натпреварите од Европското првенство за жени во фудбал до 19 години ќе се игра и на стадионот Арена Милано во Куманово. Првенство ќе се одржи во периодот од 24 мај до 6 јуни, а натпреварите ќе се играат и на Градскиот стадион во Скопје, Маџари и Ѓорче Перов.

    Европското првенство за жени во фудбал ќе се игра и во Куманово

    По тој повод вчера во Општината беше потпишан Меморандум за соработка и партнерство во организација на Европското првенство за жени во фудбал, помеѓу Фудбалската федерација на Македонија, локалната самоуправа и Сојузот на спортови на Куманово.

    Општината Куманово ни излезе во пресрет во организацијата на ова првенство и се надевам дека со заеднички сили ќе создадеме европски услови за одигрување на натпреварите на стадионот во Куманово. Европско првенство за жени е на картата на УЕФА, настан од врвен карактер не само за фудбалот, туку воопшто за спортот. Куманово има одлични инфраструктурни услови, одлични организаторски способности, луѓе кои можат да организираат еден ваков настан - рече Игор Климпер, генерален секретар на Фудбалската репрезентација на Македонија.

    За самиот град и спортските работници ова претставува големо искуство и одговорност во организација на еден европски настан. Tие се надеваат ќе ја искористата можноста да го промовираат градот преку спортот и да привлечат што повеќе млади луѓе на спортските терени.

    Локалната самоуправа е покровител и подржувач на натпреварите што ќе се одржат во Куманово. Се работи два до три натпревари за кои сме должни да создадеме услови за непречено одвивање по највисоките спортски правила. Стадионот Арена Милано ги исполнива стандардите на УЕФА и ФСМ, а ние ќе се потрудиме да создадеме пријатен амбиент, кој ќе го видат сите што ќе дојдат на натпреварот или ќе го следат во директен телевизиски пренос. Ќе се потрудиме да се претставиме во најдобро можно светло, како спортски град и како добри домаќини, за понатаму да бидеме вклучени и во други позначајни спортски манифестации - рече градоначалникот Дамјановски.