Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарската Федерација на Македонија(КФМ) и Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги потврдија одлуките за завршување на натпреварувачките сезони.
Поради моменталната вонредна состојба со вирусот КОВИД-19, нема прогласување на шампион во кошарката, но нема ни испаѓање во понизок ранг на натпреварувањето. Напротив, ќе има проширување. Со тоа, две екипи од Втората лига на машкото кошаркарско првенство ќе бидат промовирани во Првата сениорска лига за натпреварувачката сезона 2020/21.
Со еден неодигран натпревар, КК Куманово првиот дел од сезоната ја заврши на 6-то место и обезбеди пласман во Суперлигата.
Исто така, Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) реши да стави крај на прекинатата прволигашка сезона, без притоа да го прогласи победникот.
ЖРК Куманово беше прво пласирана екипа по 15 одиграни кола, пред екипата на Металург Скопје. Тие би требало да бидат дел од првото коло на квалификации во ЕХФ Купот наредната сезона, како наши претставници. Додека, пак, машката екипа на РК Куманово, сезоната ја заврши на 5-то место во Втората лига.
Сите спортски колективи ќе бидат во мирување надвор од спортските комплекси се додека не се донесе одлука за поединечни или колективни тренинзи, за подготвување и почеток на следната сезона.
(Дарко Давитковски)