Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Роџер Федерер и Рафаел Надал постигнаа лесни победи во вториот круг на Отвореното првенство во тенис на САД.
Федерер, кој продолжува да ја брка 17-та титула од турнирите од Гренд слем серијата, играше фантастично и го победи Аргентинецот Карлос Берлок со 6-3, 6-2 и 6-1.
Беше лесно. Тоа беше еден од оние натпревари од кои очекував чиста победа и можност да стекнам верба во сопствените сили, рече Швајцарецот по натпреварот со Берлок.
Надал пак играше со Бразилецот Рожерио Дутра Силва, кој го совлада со 6-2, 6-1 и 6-0 за само еден час и 32 минути.