Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ветеранот Томи Робредо го направи најголемото изненадување во досегашниот дел од Ју-Ес Опен, елиминирајќи го во 4. коло Роџер Федерер.
Шпанецот го совлада петкратниот шампион на Флешинг Медоус со 3:0 по сетови 7:6, 6:3, 6:4 за 140 минути игра.
Претходно Робредо имаше 10 порази во исто толку меѓусебни дуели со швајцарскиот тенисер.
Последен пат Федерер беше поразен на Ју Ес Опен во 4. коло пред десет години од Давид Налбандијан.
Федерер немаше свој ден, правеше многу грешки и на крајот мораше да се помири со поразот. Во еден момент од мечот тој не искористи дури десет брејк топки по ред. Имаше 45 винери, но и 43 неизнудени грешки, наспроти 31 директно освоен поен и 26 грешки на Робредо.
Во четвртфиналето Робредо ќе игра против својот сонародник Рафаел Надал, кој иако го загуби првиот сет во дуелот со Колшрајбер на крајот славеше со 3:1 (6:7, 6:4, 6:3, 6:1).