Мени

Фергусон го продава Видиќ

20.02.2010 13:13 | KumanovoNews

Тренерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон планира да го продаде Немања Видиќ на крајот од сезоната, пренесува „Манчестер ивнинг њуз“.

Фергусон го продава Видиќ

Фергусон е незадоволен од игрите на српскиот дефанзивец и смета дека оваа сезона не е доминантна фигура како минатата. Реал Мадрид, Барселона и Милан се спремни да понудат 20 милиони фунти за Видиќ кој вредеше 7 милиони кога доаѓаше на Олд Трафорд, што за Фергусон е доволна причина да го продаде.

Фергусон веќе почна да ја планира одбраната за следната сезона доведувајки го Крис Смолинг од Фулам, а очекува да и Џони Еванс добие позначајна улога покрај Рио Фердинанд.