Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Себастијан Фетел покажа дека собрал најмногу сила летово и дека нема да дозволи толку лесно некој да му ја одземе титулата откако вчера триумфира на патеката Спа во Белгија, што е негова петта победа сезона правејќи уште поголема бодовна разлика во однос на Фернандо Алонсо и на Луис Хамилтон.
Со новиот триумф Фетел има 197 бода, 46 повеќе во однос на Фернандо Алонсо, кој беше и второпласиран на трката. Хамилтон генерално е трет со 139 бода, а за него имаше место и на пиедесталот.
До крајот на првенството остануваат уште осум трки и секое сценарио е можно, без разлика што во моментов Фетел има најголеми шанси да ја задржи титулата.
Трката беше решена уште во првиот километар кога Луис Хамилтон од пол-позицијата поведе, но на првата шанса што му се укажа на Германецот, тој го престигна болидот на Мерцедес и тргна во борба со времето. Алонсо ја искористи подобрата работа во боксот да биде пред Хамилтон.
За Kими Раиконен изгледа завршија надежите дека може да остане во трката за титула, заедно со рекордната низа од 27 трки на кои освојуваше бодови. Финецот се откажа откако му откажаа сопирачките во 26. круг. Се обиде да го престигне Фелипе Маса кога сопирачките откажаа, а тој излета надвор од патеката. За среќа, немаше никаков инцидент, излетувањето се случи токму пред влезот во боксот, па Kими замина во гаражата. Светскиот првак од 2007 година го надмина рекордот на Михаел Шумахер од 24 трки по ред во бодови.